Свет 24. ноември 2020. / 10:33

Европските болници ќе ги дезинфицираат 200 роботи вредни 12 милиони евра

Европските болници ќе ги дезинфицираат 200 роботи вредни 12 милиони евра

Европската комисија во понеделникот започна со набавка на 200 роботи за дезинфекција на болници во вредност од 12 милиони евра што треба да бидат доставени до болниците низ Европската унија.

Болниците од повеќето земји-членки изразија интерес за такви роботи кои можат да дезинфицираат стандардни болнички соби користејќи ултравиолетова светлина во рок од 15 минути.

Целиот процес го контролира лице кое е надвор од просториите за да не биде изложено на ултравиолетови зраци.

„Го поздравувам овој потег за да им помогнам на болниците во Европа да го намалат ризикот од инфекција, што е важен чекор во спречување на инфекцијата со коронавирус“, рече извршната потпретседателка Маргарет Вестагер.

Роботите треба да бидат испорачани во следните неколку недели.

Средствата за набавки се обезбедени во Инструментот за итни случаи (ЕСИ).