Свет 21. јули 2020. / 10:08

Европските берзи зајакнаа по договорот на лидерите на ЕУ

Европските берзи зајакнаа по договорот на лидерите на ЕУ

Индексите на европските берзи се зголемија утрово, откако лидерите на Европската унија постигнаа „историски“ договор за огромен стимулативен план за закрепнување на економиите погодени од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Претседателот на самитот и претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел, го напиша зборот „Договор“ на Твитер, „вечерва во 3,15 часот на Централноевропско време, набргу откако 27-те лидери конечно постигнаа договор на пленарната седница“, пренесува Ројтерс.

Европскиот индекс на фјучерсот „ЕуроСтокс 50“ порасна за 0,5 проценти, додека германската компанија „ДАКС“ и лондонски „ФТСЕ“ пораснаа за 0,7 и 0,4 проценти, соодветно.

Покрај тоа, надежите за постигнување европски договор и позитивни податоци од голем број компании кандидати за пронаоѓање вакцина против вирусот „Ковид-19“ го поттикнаа порастот на паневропскиот индекс СТОК 600 во понеделникот, додаде британската агенција.