Свет 09. октомври 2020. / 11:30

Европскиот парламент ги прекина преговорите за заедничкиот буџет на Унијата

Европскиот парламент ги прекина преговорите за заедничкиот буџет на Унијата

Европскиот парламент соопшти дека ги прекинува преговорите со земјите членки за идниот буџет на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година, по цена да го одложи планот за закрепнување од пандемијата на Ковид-19, вреден 750 милијарди евра.

Европратениците ќе се вратат на преговарачка маса кога Советот, кој ги застапува земјите членки, ќе покаже вистинска волја за постигнување договор – се наведува во соопштението.

Портпарол на германското претседателство на ЕУ изрази жалење поради, како што истакна, пропуштената шанса.

Шефовите на држави и влади на ЕУ во јули постигнаа договор за седумгодишниот буџет да биде во вредност од 1.074 милијарди евра.

Меѓутоа, ЕП побара значително поголем износ, кој на крајот ќе биде наменет за „15 главни програми“ на ЕУ. Сепак, одлуката за тоа прашање ќе биде донесена дури за неколку години.