Свет 17. октомври 2019. / 23:15

Европски Совет: Расправата за пристапните преговори прекината – Туск побарал пауза

Европски Совет: Расправата за пристапните преговори прекината – Туск побарал пауза

По опсежната дискусија меѓу лидерите за аспирациите на С.Македонија и Албанија да се придружат на ЕУ, петседателот на Советот Доналд Туск побара пауза, надевајќи се на договор за надминување на француското опирање на почетокот на преговори за двете балкански земји.

Непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот, јави дописникот на МИА.