Излезноста на изборите за Европскиот парламент е во пораст во некои од најголемите земји на ЕУ за разлика од 2014 година.
Во ЕУ во тек е битката за влијание во идниот состав на Европскиот парламент и според податоците до средина на попладнето, излезноста е малку зголемена во Шпанија, во Франција и во Германија.
Во Шпанија, одѕивот на гласачите е 35 проценти во споредба со 24 отсто на последните европски избори пред пет години. Паралелно со изборите за Европскиот парламент, Шпанеците се изјаснуваат и на локални избори, а во одредени делови на земјата и на регионални, вклучувајќи и гласање за градоначалници на Мадрид и на Барселона.
Сојузните изборни власти на Германија соопштија дека до 14 часот своето демократско право го искористиле 29 отсто од регистрираните гласачи во земјата што е за три отсто повеќе од 2014 година. Во овие бројки не влегуваат гласовите по електронска пошта.
Во Франција, одѕивот до пладне бил 19 проценти во споредба со 16 проценти во истиот период во 2014 година.