Свет 08. април 2020. / 23:52

Европската комисија предложи забраната за патување во ЕУ да биде продолжена до 15 мај

Европската комисија предложи забраната за патување во ЕУ да биде продолжена до 15 мај

Европската комисија ги повика земјите-членки да ги продолжат привремените ограничувања за патување во рамките на Европската унија до 15-ти мај.

Поточно, искуството на ЕУ и на другите земји изложени на пандемијата покажува дека за преземените мерки за борба против ширењето на вирусот, потребни се повеќе од 30 дена да бидат ефективни, пишува „Еуропост“.

Комисијата повикува на координиран пристап кон продолжување на забраната за патување, бидејќи дејството на надворешните граници може да биде ефективно само доколку се спроведе од сите земји-членки на ЕУ и земјите од Шенген зоната и со униформиран рок на траење.

Ограничувањето на патувањето, како и поканата за негово продолжување, важи за вкупно 30 земји. Тоа се земјите од Европската унија и европските земји, во кои се вклучени сите земји членки на Шенген зоната, како и земјите од ЕУ кои не се дел од шенген-зоната, Бугарија, Хрватска, Кипар и Романија, и четирите придружни Шенген земји – Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

„Сите земји-членки на ЕУ успешно ги спроведоа мерките за социјална дистанца, за ограничување на социјалната интеракција и забавување на ширењето на вирусот и ограничување на непотребното патување. Сепак, сè уште не треба да ја отвораме вратата додека ја обезбедуваме нашата куќа“, рече потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Шинас.