Свет 17. ноември 2020. / 17:25

Европската комисија одобри набавка на 225 милиони вакцини за членките на ЕУ

Европската комисија одобри набавка на 225 милиони вакцини за членките на ЕУ

Европската комисија денеска го одобри петтиот договор со фармацевтската компанија CureVac, кој предвидува купување на 225 милиони дози од вакцината против Ковид-19 за сите земји-членки на ЕУ.

Договорот содржи и клаузула според која ЕУ е обврзана да купи уште дополнителни 180 милиони дози кои би биле доставени откако вакцината ќе се покаже како безбедна и ефикасна во справување со вирусот.

Денешниот договор само го проширува списокот на договори поврзани со вакцини против Ковид-19 чие производство ќе биде во Европа, вклучувајќи ги договорите потпишани со AstraZeneca, Sanofi-GSK, Janssen Pharmaceutica NV и BioNtech-Pfizer и успешните истражувачки разговори кои се во тек со Moderna. Ова разновидно портфолио на вакцини ќе обезбеди Европа да биде добро подготвена за вакцинирање, откако ќе се докаже дека вакцините се безбедни и ефикасни.

Земјите-членки исто така го задржуваат правото да можат да одлучат да ја донираат вакцината на земји со пониски и средни примања или да ги пренасочат кон други европски земји.