Европската агенција за лекови соопшти дека дала зелено светло за вакцината против коронавирус на американската компанија „Модерна“.
– Агенцијата препорача да се издаде привремено одобрение за ставање во промет на Модерна, со цел да се спречи Ковид-19 кај лица постари од 18 години, се вели во соопштението на регулаторот со седиште во Амстердам.
Ова е втора вакцина одобрена од Европската агенција за лекови.