Свет 02. јули 2018. / 15:51

Европска Унија: Нова прекршочна пријава против Полска

Европска Унија: Нова прекршочна пријава против Полска

Вчера Европската комисија соопшти дека започнала прекршочна постапка против Полска, поради еден од законите за реформа на судскиот систем. Еврокомисијата и даде рок на Полска од еден месец за да одговори на оваа постапка, која може да резултира со финансиски санкции за земјата.

Реагирајќи на одлуката на Брисел, шефот на Кабинетот на полскиот претседател Анджеј Дуда, Кжиштоф Шчерски оцени дека Европската комисија „тргнала по пат кој не води никаде, обидувајќи се да докаже дека е надлежна за прашања за кои не е“.

Вобрисел се спрема сет од прашања на кои официјална Варшава мора да даде прецизни и исцрпни одговори, по што би ледувал мониторинг и евентуална разврска на Европскиот Суд за правда.