Постапката за одобрување на вакцина против коронавирусот во Европската унија не може да се одвива побрзо, но одлука би можела да се донесе пред 29-ти декември, изјави Емер Кук, директорка на Европската агенција за лекови (ЕМА).
– Без престан работиме на одобрување на првата вакцина против Ковид-19, рече таа и додаде дека роковите „постојано повторно ќе се проценуваат“.
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан повика на забрзување на процесот.
Велика Британија прва одобри вакцина изработена од фармацевтските компании Фајзер и БионТек, а САД почнаа вчера почнаа со вакцинација.
– Нема компромис за безбедноста, нагласи Кук.
За разлика од САД и Велика Британија, Европската унија не издава итни одобренија за вакцини, што значи дека постапката мора да се спроведе со вообичаени испитувања.