Свет 23. мај 2018. / 16:18

Европратениците незадоволни од Цукерберг

Европратениците незадоволни од Цукерберг

Цукерберг ги призна безбедносните грешки, се извини и вети заштитни мерки. Сепак не успеа да го нагласи придонесот на неговата компанија за поврзување на луѓето ширум светот, можностите за бизнис и создавање на нови работни места.

Светските информативни агенции пишуваат дека европратениците се незадоволни од сослушувањето на извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, по скандалот со Кембриџ Аналитика.

Цукерберг ги призна безбедносните грешки, се извини и вети заштитни мерки. Сепак не успеа да го нагласи придонесот на неговата компанија за поврзување на луѓето ширум светот, можностите за бизнис и создавање на нови работни места.

Сослушувањето се случи само неколку дена пред да стапи на сила европската регулатива за заштита на податоци.

Новиот закон бара од сите компании да споделат како се користат корисничките податоци на интернет и можност за корисниците да ги избришат своите податоци. Компаниите што не ги исполнуваат условите може да бидат казнети до 4% од нивниот глобален приход.