Европскиот парламент со 461 гласови „за“, 157 „против“ и 89 воздржани, од вкупно 707 европратеници кои зедоа учество во гласањето, го одобри новиот состав на Европската комисија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Со просто мнозинство, европратениците и го доверија мандатот на комисијата предводена од Германката, Урсула фон дер Лејен, со што таа е првата жена, која ќе ја предводи европската извршна власт.
Со гласањето се одобрени мандатите на сите европски комесари.