Свет 08. јули 2019. / 21:30

Европол во акции низ цела Европа заплени 24 тони стероиди

Европол во акции низ цела Европа заплени 24 тони стероиди

Европол во акции низ цела Европа заплени 24 тони стероиди во прав и затвори девет илегални лаборатории во кои се произведувале стероидите и други илегални супстанци. Операцијата, една од најголемите од таков вид, е спроведена во 33 земји, а резултираше со апсење на 234 лица и разбивање на 17 криминални групи.

Светската анти-допинг агенција учествуваше во операцијата во која е откриен трговски систем во кој спортисти, кои не се професионалци, користеле комплементарни кредитни картички и крипто валути за купување мали количини нелегални супстанци, од кои повеќето се испорачувани преку теретани и нерегулирани интернет аптеки.