Свет 28. октомври 2019. / 21:53

Европол: Уапсени 18 лица oд различни националности поради нелегална трговија со тутун

Европол: Уапсени 18 лица oд различни националности поради нелегална трговија со тутун

Eвропол денеска соопшти дека властите во седум европски земји разоткриле меѓународна организирана криминална група вклучена во нелегална трговија со цигари.

Како што се наведува во соопштението, уапсени се 18 лица од различни националности, осомничени за перење пари, нелегална трговија и складирање на околу 670.000 килограми тутун.

Европол наведува дека биле спроведени 29 истраги во Италија, Полска, Белгија, Велика Британија и Холандија и дека романските и кипарските власти активно учествувале во операцијата.

Акцијата беше поддржана од Европската агенција за судска соработка Евроџаст, Европол и Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ).