Свет 18. септември 2018. / 16:20

Европол: Сајбер нападите се се повеќе дело на држави

Европол: Сајбер нападите се се повеќе дело на држави

Сајбер нападите со уценувачки вируси се повеќе се дело на држави, стои во годишен извештај на Европол.

Во тие кибар напади хакерите блокираат податоци и документи на корисници, по што жртвата ја уценуваат за пари, за да и го вратат пристапот до нив.

Во 2017 година злонамерни софтвери како „УонаКрај“ и „НотПетја“ заразија стотици илјади компјутери во светот и предизвикаа сериозни економски штети.

Освен сајбер нападите кои ги извршуваат криминалци за да изнудат пари, светските кибер напади се почесто им се припишуваат на националните држави, соопшти Европол, чие седиште е во Хаг.