Уметнички предмети и слични скапоцености, украндени од Италија, Шпанија, Швајцарија, Германија, во вреност од 40 милиони евра, се пронајдени деновиве кај 23 лица во Сицилија, Италија. Сите се уапсени, а артефактите одземени.
Се работи за заедничка акција на Италијанската, Австриската и Германската полиција која трае веќе 5 години.
Запленети се вкупно 250 скапоцени артефакти.