Свет 13. март 2020. / 19:03

Европа сега е „епицентар“ за пандемијата на коронавирусот

Европа сега е „епицентар“ за пандемијата на коронавирусот

Светската здравствена организација предупреди денеска дека Европа сега претставува „епицентар“ за глобалната пандемија на коронавирусот и регистрира повеќе заразени случаи дневно отколку Кина во жариштето на епидемијата на своја територија.

– Европа сега стана епицентар на пандемијата, изјави шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус на виртуелна прес-конференција.

Тој нагласи дека потврдените над 5.000 смртни случаи низ целиот свет претставуваат „трагичен знак“ во ширењето на болеста.