Свет 21. јуни 2018. / 10:33

Европа: Двојно повеќе исламистички напади во 2017, во однос на 2016

Европа: Двојно повеќе исламистички напади во 2017, во однос на 2016

Бројот на терористички напади во Европа во 2017 година, инспирирани од исламскиот радикализам, бил двапати поголем во споредба со 2016 година. Ако е воопшто некаква утеха, бројот на жртви е двојно помал, соопшти денеска европската полициска служба Европол.

Во 30 терористички напади во Европа во 2017 година, загинаа 62 лица. За споредба, во 2016 година на континентот биле извршени 13 терористички напади, 10 од нив предизвикаа смрт на вкупно 135 лица.

– Бројот на џихадистички терористички напади се зголемил на 30 во 2017 година, но паралелно со тоа, планирањето, подговотвката и извршувањето на терористичките напади, стана повеќе сложено поради претходно превземените мерки за безбедност, констатираат од Европол.

Агенцијата предупредува за опасноста од такви напади, за кои  одговорноста ја презема Исламска држава, и како пример го посочува нападите со автомобили во пешаци или нападите со нож на случајни минувачи. Минатата година, при два такви напади, само во Лондон загинаа 13 лица, а 98 лица беа повредени.

Извршителите на џихадистичките напади извршени во Европа минатата година беа главно локални жители. Тоа значи дека тие биле радикализирани во земјата во која живееле без да патуваат во странство за да се приклучат на терористичка група.

„Се подразбира дека поддршката за земјите членки во борбата против тероризмот останува апсолутен приоритет за Европол“ изјави новата директорка на ЕВРОПОЛ Катерин де Бол.