Европската Комисија испрати писмо до италијанскиот министер за финансии Роберт Гуалтиери, во кое се вели дека нацрт-буџетот за следната година би можел да ги прекрши фискалните правила на ЕУ, и побара италијанската Влада до среда да испрати појаснување.
Во денешното писмо, потпишано од новоназначениот потпретседател на ЕК, Валдис Домобровскис и европскиот комесар за економија и финансии Пјер Московиси, стои дека прелиминарната проценка на буџетот за 2020 година покажува дека италијанската влада нема фискални мерки за намалување на трошоците.
–Планот на Италија не е во согласност со намалувањето на долговите во 2020 година – се вели во писмото.
Во него, исто така, се предупредува дека санкциите може да се појават доколку официјален Рим не понуди дополнителни објаснувања или не се измени смени буџетот.