Свет

Евроазиската економска унија потпиша договор за трговска размена со Иран

Евроазиската економска унија потпиша договор за трговска размена со Иран

Евроазиската економска унија, предводена од Русија, во која членуваат неколку советски републики, потпиша прелиминарен договор за трговска размена со Иран.

Договорот е потпишан во Астана и следи откако американските власти соопштија дека се повлекуваат од нуклеарната спогодба со Иран и дека повторно воведуваат санкции кон таа земја.

– Новиот договор ќе ги намали царинските такси за одредена стока во период од три години со цел да се постигне долгорочен договор за слободна економска зона, соопшти казахстанското Министерство за економија.