Американската полиција пронајде стотици змии, глувци и други мали животни, меѓу кои и некои угинале, во подрумот на една куќа во гратчето ВЦест Бенд, во сојузната држава Висконсин.
Полицијата тоа го откри во текот на истрага за осомничен за сексуален напад.
Властите во Вест Бенд соопштија дека полицајците во таа куќа пронашле 160 змии, повеќе од 250 глувци како и гуштери геко и жаби. Змиите биле со должина од 15 до 61 сантиметар.
Многу животни се во лоша здравствена состојба, а отстранети се и неколку угинати змии и глувци.
Тој 42-годишен маж е уапсен врз основа на прелиминарно обвинение за сексуално насилство и злоставување, а се очекува дека против него ќе биде покренато обвинение за дополнителни прекршоци.