Свет 18. јули 2018. / 16:16

Еве што одговори Јункер на прашањето дали бил пијан

Еве што одговори Јункер на прашањето дали бил пијан

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, побара почитување кога новинар го праша дали бил пијан на минатонеделниот Самит на НАТО.

Јункер истакна на прес-конференцијата дека минатата среда имал проблеми со ишијас и грчеви на нозете, како што наведоа претходно неговите помошници.

„Изненаден сум од интересот што поединци го имаат по ова прашање и барам почитување“, истакна Јункер.

Тој на повеќе наврати ги отфрли наводите дека има проблем со алкохолот. Ваквите обвинувања првично произлегоа од британските медиуми, кога Лондон се обиде да го блокира неговото именување пред четири години.