Злосторството кое се случи во Базел среде бел ден ја шокираше Швајцарија. Имено, 75-годишна старица со нож до смрт избодела 7-годишно момче кое се враќало само од училиште.
Старицата потоа отишла до најблискиот пар каде контактирала неколку луѓе и институции и сама себеси се пријавила.
На момчето, со потекло од Косово, на помош му пришла учителката која поминувала по патот со велосипед, но на момчето му немало спас.
Петер Гил, портпаролот на канцеларијата на јавниот обвинител во Базел, не сакал да го открие идентитетот на жената убиец, туку само рекол дека се работи на утврдување на СМС пораките кои ги испраќала.
Жената е државјанин на Швајцарија, а во моментов е на психијатриски прегледи. Се смета дека убиството го направила, бидејќи е психички нестабилна.
Се претпоставува дека воопшто не го познавала момчето, ниту неговото семејство.