Свет 14. април 2020. / 16:08

Еве како Виетнам се справи со корона вирусот: Од 211.000 тестови само 260 позитивни

Еве како Виетнам се справи со корона вирусот: Од 211.000 тестови само 260 позитивни

Иако граничи со Кина, засега Виетнам со комбинација од рани одлучни дејства, масовно тестирање, строг карантин и социјално единство ги избегна штетите, што ги доживуваат Европа и САД. Со само неколку стотици заразени со корона вирус, реакцијата на Виетнам на кризата доби пофалби од Светската здравствена организација.

Официјалната статистика покажува дека над 75.000 лица се во карантин или во изолација. Досега во државата се направени над 211.000 тестови од кои само 260 се позитивни. Нема смртни случаи поврзани со вирусот, а нивото на зараза останува значително пониско од тоа во Јужна Кореја, Сингапур, па и Тајван-држави што толку беа фалени во светските медиуми за начинот на справување со пандемијата.

Кидонг Парк, претставник на СЗО во земјата, е уверен дека одлучувачки бил раниот одговор на државата на кризата.

-Виетнам реагираше на епидемијата рано и интензивно. Неговата прва проценка на ризикот беше извршено во јануари, многу брзо откако почнаа да стигнуваат информации од Кина, вели Парк.

Според него, во државата била брзо формирана Национална комисија за превенција и контрола на Ковид-19 под надзор на вицепремиер, која веднаш подготвила национален план за реакција.

Наспроти малиот број потврдени случаи, од 1 април Веитнам е во општонационален карантин-многу побрза и поодлучна реакција од тие во Италија и Велика Британија каде бројот на заразени почна да се брои со илјадници пред да биде запрен општествениот живот. На други места владите наложија карантин за да се справат со епидемијата. Виетнам, пак, тоа го стори за да ја пресретне и осуети националната криза.

Голем дел од успехот на Виетнам можеби се должи на единството на општеството. Премиерот Нгуен Суан Фук неодамна ги опиша напорите за запирање на вирусот како „пролетна општа офанзива 2020“, намерно потсетувајќи и на клучната офанзива „Тет“ преземена во 1968 година од Виетконг за време на Виетнамската војна.

И не направи само тој паралела со војната. Нгуен Ван Транг вели дека неговите родители дури од војната не виделе толку голема посветеност, дисциплина и солидарност.

Виетнамските училишта се затворени од јануари, а масовното ставање на луѓе во карантин започна од 16 март. Оттогаш, десетици илјади луѓе влезени во државата од силно ризичните држави се ставени во задолжителен карантин во огромни логори од воен тип. На 25 март беа забранети и меѓународните летови. Засега не се предвидува укинување на овие ограничувања.

Огромен број внатрешни летови, возови и автобуси се запрени и секој, кој го напушта Ханој-епицентарот на заразата во Виетнам-се става во карантин во кој дел од ржавата и да оди.

-Првото ниво е изолација и лекување на луѓе со потврден вирус или на луѓе со симптоми за кои се претпоставува дека имаат симптоми. Сите кои биле во контакт со потврден случај задолжително одат во карантин.Оваа мерка се проширува и на нивните контакти од кои исто така задолжително се бара самоизолација. Како последно ниво, улиците и зградите каде минувале или живееле потврдените случаи исто се ставаат во карантин, вели Парк.

Понекогаш виетнамската реакција на кризата е сурова. Официјални паноа во Хошимин град предупредуваат дека оној кој не носи маска и за него ќе се утврди дека заразил друго лице со болеста, може да биде осуден на затвор од 12 години. На 10 март еден Виетнамец доби пресуда за девет месеци затвор затоа што одбил да носи заштитна маска.