Свет 31. декември 2019. / 16:00

Евакуација во Њујорк – Падна ветерница на улица (ВИДЕО)

Евакуација во Њујорк – Падна ветерница на улица (ВИДЕО)

Неодамна инсталирана ветерница се урна вчера во околината на Бронкс, Њујорк, уништувајќи билборд и автомобил паркиран во близина.

„За среќа, нема повредени. Сите се безбедни и здрави. Истрагата е во тек за инцидентот“, изјави Бил де Бласио, градоначалник на Њујорк.

Ветерница , висока најмалку 45 метри беше поставена кон средината на декември, но сè уште не беше ставена во употреба. По инцидентот, делови од ветерницата се паѓале низ целиот трговски центар и летале кон бензинска пумпа, аптека, продавница за бои и други продавници. Сите околни продавници биле евакуирани од спасувачките служби.

„Прелиминарната истрага откри дека ветерницата што е прицврстена за потпорна структура станала нестабилна, поради што дел од структурата за поддршка се распаѓа“, рече Абигеил Куниц од Државната агенција на Градското одделение во Њујорк.

Кога паднала ветерницата, во областа дувале ветрови со брзина од околу 30 км на час.