Европската унија започнува правни постапки против Обединетото Кралство за прекршување на членови од Договорот за повлекување, рече Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија во четвртокот.
Европската комисија и даде рок на британската влада до крајот на септември да ги повлече контраверзните одредби од нејзиниот закон за внатрешна трговија објавени претходно истиот месец.
Комисијата утринава одлучи да испрати формално писмо до Владата на Обединетото Кралство. Ова е прв чекор кон постапка против повреда на правата. Писмото ја повикува владта на Обединетото Кралство да ги испрати своите забелешки во рок од еден месец, изјави Фон дер Лајен.
Мишел Барни од ЕУ и Дејвид Фрост од Велика Британија во моментов ја одржуваат деветата рунда преговори за Брегзит во надеж дека ќе постигнат договор пред крајот на преодниот рок.