Свет 06. август 2018. / 13:14

ЕУ: Зачувувањето на нуклеарниот договор е од суштинско значење за меѓународното право

ЕУ: Зачувувањето на нуклеарниот договор е од суштинско значење за меѓународното право

Зачувувањето на нуклеарниот договор со Иран е прашање на почитување на меѓународните договори и прашање за меѓународната безбедност и длабоко жалиме за повторното намтнување на санкциите врз Иран од САД, по повлекувањето од договорот, велат од Брисел.

Заедничкото соопштение е испратено од високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини и министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Велика Британија.