Свет 07. ноември 2020. / 08:15

ЕУ воведува такси на САД поради субвенциите за Боинг

ЕУ воведува такси на САД поради субвенциите за Боинг

Европската унија следната недела ќе воведе даноци за увоз на стоки од САД во вредност од четири милијарди долари поради американските субвенции на производителот на авиони Боинг, велат дипломати на ЕУ во Брисел, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека владите на повеќето членки на ЕУ го поддржале воведувањето даноци, што ќе биде објавено во понеделник на состанокот на министрите за трговија на Унијата.

Спорот меѓу ЕУ и САД трае веќе 16 години, а претседателот Доналд Трамп, дури и да загуби на изборите, ќе остане на чело до 20 јануари, а како што посочува Ројтерс, тој има голема можност да ги зголеми даноците на увозот од ЕУ, воведени во сличен спор околу субвенциите на Ербас.

Претставникот за трговија на САД Роберт Лајтхајмер минатиот месец предупреди дека воведувањето даноци на ЕУ „ќе ги принуди Соединетите држави да одговорат“, а претседателот Трамп се закани дека „ќе возврати посилно“, пренесува Танјуг.

Брисел смета дека нејзините даноци, кои беа одобрени и од Светската трговска организација (СТО), ќе придонесат за успех на преговорите за решавање на спорот започнати во 2004 година.

Некои аналитичари сметаат дека победата на демократскиот кандидат Џо Бајден може да го забрза надминувањето на разликите меѓу двете страни.