Свет 02. септември 2020. / 21:06

ЕУ со силна осуда после наодите на германските доктори дека Навални бил отруен

ЕУ со силна осуда после наодите на германските доктори дека Навални бил отруен

Институциите на ЕУ излегоа со силна осуда за наодите на германските доктори дека рускиот опозиционер, Алексеј Навални, бил отруен, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова го изјавија и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел.

По токсиколошката анализа направена во Германија каде Навални беше итно префрлен на лекување од Русија, Европската Унија застанува зад германските наоди.

Анализата докажува дека господинот Навални бил отруен со воен хемиски нервен агенс од групата “Новичок“, развиен од страна на Советскиот сојуз, а потоа Русија. Употребата на хемиско оружје е неприфатлива под било кои околност и претставува нарушување на меѓународното право, порача дипломатската служба на ЕУ.

ЕУ сега бара од Русија темелна и транспарентна истрага за “обидот за убиство врз господинот Навални“ и предупредува дека овој случај не смее да остане нерасветлен.

-Одговорните мора да се соочат со правдата, бара Борел