Свет 02. јуни 2020. / 15:17

ЕУ со 2,5 милиони помалку произведени возила од почетокот на пандемијата

ЕУ со 2,5 милиони помалку произведени возила од почетокот на пандемијата

Загубите во производството на моторни возила ширум ЕУ како резултат на затворањето на фабриките досега изнесуваат најмалку 2.446.344 моторни возила, соопшти Европската асоцијација на автомобилски производители.

Оваа бројка вклучува патнички автомобили, камиони, комбиња, автобуси и теренски возила. Се истакнува дека просечното времетраење на затворањето на фабриките изнесувало 30 работни денови.

– Доколку има нови затворања на постројките загубите во производството очигледно ќе се зголемуваат, соопштуваат од асоцијацијата.

Најголема загуба бележи Германија од 616,591 помалку произведени возила како последица од заклучувањето од корона вирусот. Следува Шпанија со 452,155, Франција со 278,425, Велика Британија со 262,715, а во првите пет се и Чешка и Италија со 157,933 односно 155,060 загуби во производството.

Производствените погони, во просек, најдолго биле затворени во Белика Британија 41 ден, исто толку и Италија. А над 30 работни дена биле затворени погоните и во Франција, Германија, Полска, Шпанија, Романија, Португалија.