Претседателка на Европската комисија понуди „срдечно извинување“ за тоа што ЕУ ја изневерила Италија во почетокот на пандемијата со корона вирусот.
Да, вистина е, никој не беше спремен за ова. Исто така, вистина е дека премногу не беа тука кога на Италија ѝ требаше помош на самиот почеток. И поради тоа, Европа нуди срдечно извинување – изјави Урсула фон дер Лајен пред Европскиот парламент во вторникот наутро.
Во Италија од корона вирусот починаа повеќе од 21.000 луѓе, што според Универзитетот Џон Хопкинс е највисока бројка во Европа.
Додека Италија се бореше со појавата на вирусот во почетокот на март, Франција и Германија забранија извоз на маски и покрај предупредувањата од Европската комисија дека таквите акции можат да го поткопаат колективниот одговор на епидемијата.