Европската унија предупреди дека одлуката на некои европски земји да го одложат вакцинирањето на децата поради епидемијата на корона вирусот може да предизвика сериозни проблеми.
Повеќе од јасно е дека ќе имаме луѓе, деца, кои не се вакцинирани – изјави Андреа Амон, директор на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) Андреа Амон пред европратениците.
Според неа, повеќето европски земји и натаму ги вакцинираат децата против заболувања како што се сипаници и детска парализа.
Но, таа предупреди дека некои земји ги прекинале сите вакцинации за време на епидемијата.
Амон, сепак, не прецизираше за кои европски држави станува збор.