Свет 05. декември 2018. / 20:26

ЕУ побара од социјалните мрежи извештаи за лажни вести

ЕУ побара од социјалните мрежи извештаи за лажни вести

Официјалните претставници на Европската унија побараа од интернет компаниите како што се „Гугл“, „Фејсбук“ и „Твитер“ да доставуваат месечни извештаи за напредокот на кампањата „лажна вест” од нивните платформи пред изборите во Европскиот парламент следната година.

Претставниците на Извршниот комитет на ЕУ денеска ги претставија мерките што се дел од акциониот план за борба против дезинформации, додека гласањето во Европскиот парламент ќе се одржи следната пролет, објави АП.