Свет 11. септември 2019. / 13:23

EУ: Нема да го признаеме планот на Нетанјаху за измена на границите

EУ: Нема да го признаеме планот на Нетанјаху за измена на границите

По објавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ако повторно биде избран за премиер, ќе ја анектира Долината на реката Јордан. Европската унија соопшти дека „нема да го признае планот за било какви измени на границите од пред 1967 година“, мислејќи на вчерашниот настап на Нетанјаху.

Акција преземена во овој контекст, ќе ги поткопа можностите за решението за две држави и изгледите за постигнување конечен мир – изјави портпаролот на ЕУ.