Свет 20. март 2020. / 13:53

ЕУ не прифати исклучок за извезување заштитна опрема кон Балканот

ЕУ не прифати исклучок за извезување заштитна опрема кон Балканот

Европската Комисија (ЕК) информира за амандманите на регулативата за авторизација на извоз на медицинска заштитна опрема од ЕУ кон трети земји, со кои се воведени неколку исклучоци, а во нив не спаѓаат земјите од западниот Балкан и покрај барањата на владите од регионот.

Ова е привремена мерка и не е забрана за извоз, целосно е во согласност со обврските на ЕУ, со оглед на еволутивната природа на ситуацијата Европската Комисија ревидираше неколку аспекти за да се исполнат целите – изјави портпаролот на ЕК, Даниел Росарио.

Земјите изземени од посебните авторизации за извоз се Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, Швајцарија, Фарските Острови, Андора, Сан Марино и Ватикан, соопштија од ЕК.

Европската Унија одлучи да воведе посебни авторизации за извоз на лична заштитна опрема поради недостатокот со кој се соочуваат земјите членки.

Српскиот претседател неодамна остро ја критикуваше ЕУ поради оваа одлука, изјавувајќи дека „солидарноста на ЕУ е само на хартија“ и дека Србија може да смета само на нејзините „кинески браќа“.