Свет 19. август 2020. / 17:20

ЕУ не ги признава изборните резултати во Белорусија

ЕУ не ги признава изборните резултати во Белорусија
EPA-EFE/FRANCOIS LENOIR / POOL

Европска Унија не ги признава резултатите од претседателските избори во Белорусија, изјавија денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и германската канцеларка Ангела Меркел по вонредниот самит на ЕУ за Белорусија.

Мишел наведе и дека ЕУ „набрзо“ ќе воведе санкции кон „значитечен“ број претставници на белорускиот режим, кои учествувале во изборната кражба и насилството врз демонстрантите.

ЕУ е на страната на народот на Белорусија“, изјави Мишел по Самитот, додавајќи оти Унијата бара да бидат ослободени сите притворени демонстранти.

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер напиша дека Европски совет испратил „три силни пораки“.

Ние ги поддржуваме Белорусите кои сакаат основни слободи и демократија; Ние ќе ги санкционираме сите одговорни за насилството, репресијата и лажирањето на изборните резултати; Ние ќе поддржиме мирна демократска транзиција во Белорусија“, напиша Лајен на Твитер.

.

Таа по завршувањето на Самитот изјави и дека ЕК ќе ги пренасочи 53 милиони евра предвидени за Владата на Белорусија кон невладините организации, жртвите на државната репресија и за помош во борбата против ковид-19.