Европската агенција за лекови на Европската унија (ЕМА) најверојатно ќе ја одобри вакцината Фајзер против Ковид-19 на 29 декември, изјави во понеделникот шпанскиот министер за здравство Салвадор Илја.
Говорејќи на настан преку Интернет, министерот додаде дека одобрувањето на вакцината на Модерна против Ковид-19 треба да се случи најдоцна до 12 јануари.
Илја додаде дека Шпанија ќе добие 140 милиони дози вакцини против Ковид-19 добиени од ЕУ, кои ќе пристигнат од голем број различни добавувачи.