Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, се заложи Унијата да спроведе независна истрага за потеклото на корона вирусот што кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан.
Борел, исто така, ја повика Кина да придонесе во борбата против пандемијата на корона вирусот.
Неопходна е независна научна истрага за потеклото на оваа пандемија – изјавиБорел во колумна за германскиот весник „Франкфурт алгемајне цајтунг“.
Борел смета дека Кина треба да се ангажира во борбата против пандемијата, пронаоѓањето на вакцината и зајакнување на глобалната економија, како и за давање помош на погодените земји во развој.