Лидерите на ЕУ на Самитот во Брисел побараа зајакнување на европската економска и монетарна унија и посилна улога на еврото во светот.
–Силна Европа значи и силно евро – изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
На вториот ден од Самитот, лидерите на ЕУ разговараа и за продолжување на активностите за европската банкарска унија и унијата за пазарот на капитал.
Оценета е и потребата во согласност со улогата на ЕУ, како најголем глобален пазар и инвеститор, да се зајакне и меѓународната улога на заедничката европска валута.