Претседателот на Советот на Европската унија, Шарл Мишел изјави дека ЕУ обезбедила една милијарда дози вакцини преку шест договори, но дека во моментов нема доволно од нив, и затоа очекува дури во април или мај да се создадат можности за донирање на партнери од трети земји.
Мишел во онлајн – дебатата со Атлантскиот совет, прашан дали сиромашните земји ќе ја започнат наскоро вакцинацијата против Ковид-19, потсети дека пред неколку недели се одржа видео -конференција на лидерите на Унијата на таа тема, при што е испратен јасен сигнал дека има спремност затоа, но дека ситуацијата сега е тешка и дека покрај предвидените една милијарда дози, нема доставено доволно.
„Работиме со Европската комисија и компаниите за да можеме да ги произведеме потребните количини“, рече Мишел, додавајќи дека земјите од Западен Балкан, Африка и Источното партнерство се вклучени преку механизмот Ковакс.