Свет 29. декември 2020. / 18:08

ЕУ ќе купи дополнителни 100 милиони дози од вакцината против Ковид-19

ЕУ ќе купи дополнителни 100 милиони дози од вакцината против Ковид-19

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска соопшти дека Унијата ќе купи дополнителни 100 милиони дози од вакцината против Ковид-19 од компаниите „Фајзер„ и„БиоНТек“.

„Значи, ќе имаме 300 милиони дози од оваа вакцина, што е оценета како безбедна и ефикасна“, напиша Фон дер Лајен на својот профил на Твитер.

Вакцината на компаниите „Фајзер“ и „БиоНТех“ е прва и досега единствено одобрена за употреба во ЕУ. Вакцинацијата во ЕУ почна пред два дена.

Се очекува и вакцината на „Модерна“ да биде одобрена, но тоа ќе се случи на почетокот на јануари.

ЕУ, исто така, потпиша договори за набавка на вакцини со компаниите „АстераЗенека“, „Џонсон и Џонсон“, „Санофик“ и „КјурВак“.