Свет 15. октомври 2018. / 20:28

ЕУ ќе го забрани пластичниот прибор за јадење

ЕУ ќе го забрани пластичниот прибор за јадење

Одборот за заштита на животната средина на Европскиот парламент ја прошири листата на забранети производи од пластика за еднократна употреба.

Додека предлогот на Европската комисија содржеше забрана за девет пластични производи за еднократна употреба од 2021 година, членовите на Одборот за заштита на животната средина, јавното здравје и безбедноста на храната ја проширија оваа листа.

Според предлогот на Комисијата, на списокот би требало да се најдат пластичните чинии, виљушките, ножевите, лажиците, цевките, стапчињата за чистење на ушите и стапчињата за балони.

Извештајот, поднесен од белгискиот пратеник Фредрик Рис, истовремено се залага за намалување на амбалажата за еднократна употреба на хамбургери, сендвичи, овошје, зеленчук, десерти и сладоледи на, како што се наведува, амбициозен и одржлив начин до 2025 година. Предвидени се и мерки за поголема рециклажа на пластичните шишиња.

Одборот истовремено бара од тутунската индустрија во филтрите од цигарите уделот на пластика да се намали 50 проценти до 2025 година и 80 отсто до 2030 година. Се очекува индустријата самата да ги покрие трошоците за собирање, транспорт и уништување на догорчињат