На донаторска конференција за бегалците од Венецуела Европската Унија собра 144,2 милиони евра хуманитарна помош.
Како што најави шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, покрај овие фондови од ЕУ, Европската инвестициска банка ќе им позајми 400 милиони евра на земјите кои примаат бегалци од Венецуела.
Според бројките на Обединетите Нации, бегалската криза во Венецуела е втора најобемна бегалска криза по Сирија, со над пет милиони бегалци.
Јужна Америка е силно погодена од оваа криза, која доплнително се влошува со глобалната пандемија од Ковид-19. Бегалци од Венецуела пристигнуваат дури и во Чиле – изјави Борел.
Донаторската конференција има за цел пред сѐ да им помогне на јужноамериканските земји кои примаат венецуелски бегалци. Организатори и коорганизатори се Европската Комисија, Шпанија, Норвешка и Канада.