Свет 15. април 2020. / 16:30

ЕУ ја осуди одлуката на Трамп за прекин на финансирањето на СЗО во момент на пандемија

ЕУ ја осуди одлуката на Трамп за прекин на финансирањето на СЗО во момент на пандемија

Првиот европски дипломат, Жозеп Борел, ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го прекине финансирањето на САД на Светската здравствена организација.

Длабоко сум разжалостен од одлуката на САД да го прекине финансирањето на СЗО. Нема причина што може да го оправда овој потег во момент кога нивните напори се неопходни повеќе од кога било порано за да помогнат во надминувањето на пандемијата на корона вирусот. Само преку обединување на силите можеме да ја надминеме оваа криза, што не познава граници – напиша Борел на Твитер.