Свет 01. февруари 2019. / 13:27

ЕУ и Јапонија го создадоа најголемиот слободен пазар во светот

ЕУ и Јапонија го создадоа најголемиот слободен пазар во светот

Европската унија ќе укине 99% царините на увозот од Јапонија, а таа за возврат ќе укине 94% од царините на увозот од Европската Унија.

Договорот доаѓа како одговор на двете страни кон протекционистичките закани, посебно оние на Доналд Трамп, а опфаќа подрачје со околу 635 милиони луѓе.

Трговијата е повеќе од квоти, царини, милиони и милијарди- се работи за вредности, начела и почитување, изјави Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Според договорот, Јапонија ќе ги укине царините на 94% од увозот од ЕУ, вклучувајќи и 82% од земјоделските и рибарските производи.

На пример, се укинуваат јапонските царини на сирењата гауда и чедар, кои изнесуваат скоро 30%, како и за виното кое во просек се царини со 15%.

Европската унија од своја страна ќе ги укине царините на 99% од увозот од Јапонија, а ќе може и да извезува повеќе месо во Јапонија. Ни свежото ниту преработеното месо нема да подлежат на царинарење.

Во текот на првите осум години од почнувањето на договорот ќе бидат укинати царините на јапонските автомобили, а во првите шест години и на телевизорите, што е посебно важно за Јапонија.