Свет 07. јануари 2020. / 09:16

ЕУ го предупреди Иран дека мора да се придржува до нуклеарниот договор од 2015 година

ЕУ го предупреди Иран дека мора да се придржува до нуклеарниот договор од 2015 година

Птретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен му порача на Иран дека мора да се придржува кон нуклеарниот договор од 2015 година, потврдувајќи дека министрите за надворешни работи на ЕУ ќе одржат посебна седница в петок.

– Од европска гледна точка, важно е Иран да се врати на нуклеарниот договор. Ние мора да го увериме Иран дека тоа е во негов интерес – изјави Фон дер Лајен.

Порака до Иран испрати и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој предупреди на ризикот од погрешна пресметка поради глобалните тензии што се на највисоко ниво во овој век.

Гутереш додаде дека тие тензии  водат кон тоа зголемен број земји да донесуваат непредвидливи одлуки со непредвидливи последици.