Преговарачите на трите главни институции на ЕУ постигнаа во понеделникот нешто пред полноќ договор за буџетот на ЕУ за 2020 година.
Договорот е постигнат на претпоставката дека Велика Британија, која би требало да ја напушти унијата на 31 јануари идната година, ќе продолжи да го плаќа својот придонес и учествува во спроведувањето на буџетот до крајот на 2020 година како да е полноправна членка.
Буџетот за следната година е фиксиран на износ од 168,69 милијарди евра, што се средства кои може да бидат одобрени во договори за проекти во таа година, односно на 153,57 милијарди евра во плаќање, а тоа се пари кој вистински ќе биде исплатен во таа година.
Договорот е постигнат после три недели интензивни преговори и тоа во последниот ден од рокот за усогласување на ставовите помеѓу двете законодавни институции. Доколку не беше постигнат договор, Комисијата би морало да излезе со нов предлог на буџетот, а после тоа би следеле нови преговори за услогласување на ставовите.
– Станува збор за буџет во континуитет – тоа е тој последен буџет внатре во моментално долгорочниот буџет и последен кој го предложи Јункеровата комисија. Пресметките ги насочуваат средствата таму каде се потребни и ќе помогне во креирање работни места, во борбата против климатските промени и ќе ги покрене инвестициите ширум Европа. Ќе се инвестира во млади луѓе, како и во безбедноста на Европа, изјави пратеникот за буџет Гунтер Оетингер.