Свет 06. јуни 2019. / 13:30

ЕУ ги зацврстува мерките против мигрантите

ЕУ ги зацврстува мерките против мигрантите

Советот на ЕУ објави дека има усвоено измени на Визниот кодекс, кој ќе ги подобри условите за оние кои законски патуваат и ќе ги зголеми можностите за борба против илегалната миграција.

Новите правила ќе им овозможат на оние кои сакаат да ја посетат ЕУ да аплицираат во рок од шест месеци, а не подоцна од 15 дена пред патувањето. Пополнувањето и потпишувањето на апликацијата, исто така, ќе биде можно по електронски пат. Се воведува заеднички пристап при издавање на повеќекратни визи за редовни патници со чисто досие, роковите на овие визи постепено ќе се зголемуваат од една до пет години. Цената за виза ќе се зголеми на 80 евра.

Европската комисија постојано ќе ја оценува соработката со странските држави и кога некоја земја не соработува при реадмисијата на своите граѓани, ЕК ќе понуди на Советот на ЕУ да преземе соодветни мерки, вклучувајќи зголемување на цената на визите за граѓаните на овие земји.

Ако една земја соработува, ЕК ќе може да понуди намалување на цената на визите, на времето што е потребно за одлука за барања за виза или продолжување на важноста на визите за повеќекратен влез.