Свет 30. јули 2020. / 19:10

ЕУ ги предупредува членките за можен недостиг на опрема за масовна вакцинација против Ковид-19

ЕУ ги предупредува членките за можен недостиг на опрема за масовна вакцинација против Ковид-19

Европската унија ги предупреди државите членки за ризик од недостиг на шприцови, марамчиња и заштитна опрема што е потребна за потенцијална масовна вакцинација против Ковид-19 и ги повика да размислат за организирање заедничка набавка.

Во документот на ЕУ се бара од владите на заемјите-членки заеднички да размислат за купување повеќе вакцини против грип и зголемување на бројот на вакцинирани лица со цел да се намали ризикот од истовремена појава на грип и Ковид-19 наесен.

Шприцовите и другите предмети може да недостигаат бидејќи се развиваат вакцини за Ковид-19, им порача Европската комисија на здравствените експерти од европските земји на состанокот минатата недела, се вели во резимето на извештајот објавено на веб-страницата.

Европската Комисија предупредува за можниот недостиг, испраќајќи прашалници до владите за нивните резерви на шприцови, марамчиња, алкохол и опрема за лична заштита, како што се маски.

Во документот се додава дека ЕК апелира до земјите на ЕУ да размислат за организирање заедничка набавка, нешто за што претставниците на Италија и Холандија го потврдиле својот интерес.