Свет 16. април 2018. / 15:50

ЕУ ги повика Русија и Иран да го спречат користењето на хемиско оружје од страна на Сирија

ЕУ ги повика Русија и Иран да го спречат користењето на хемиско оружје од страна на Сирија

Европската унија денеска ги повика Русија и Иран да го искористат влијанието врз сириското раководство за да се спречи натамошно користење на хемиско оружје од страна на Дамаск.

– ЕУ ги повика сите држави, особено Русија и Ирак, да го искористат влијанието, за да се спречи натамошно користење на хемиско оружје, особено од сирискиот режим, изјави претставник на Унијата на состанокот на Извршниот одбор на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) што се одржува во Хаг..

Вонреден состанок на Извршниот одбор на ОПЦВ е посветен на тврдењата за употреба на хемиско оружје при напад на 7 април во градот Дума во Сирија.